Арсовска го победи Шилегов со 28.083 гласа разлика

Независната кандидатката, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во трката за градоначалник на Скопје, го победи актуелниот градоначалник со 28.083 гласови разлика, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК). Арсовска во текот на кампањата испрати порака дека ќе го победи Шилегов со 30 000 гласа. Резултатот не е далеку од она што таа го најави.

На 100 отсто обработени гласови, според податоците од ДИК, Арсовска вчера освоила 118.765 гласови, додека Шилегов 90.682.

Google search engine

Шилегов издвојувал победа само во Центар, Сарај и Чаир. Во Сарај за Шилегов гласале 7.549 грѓани, наспроти 2.462 за Арсовска. Во Центар пак разликата е многу помала, 11.305 гласа за кандидатот на СДСМ, а 10.799 за кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во Чаир разликата е двојна, 16.255 за Шилегов, 8.554 за Данела.

Во Кисела Вода, Арсовска доби 17.549 наспроти 8.109 гласа за Шилегов. Во Аеродром за кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 20.981, а за противкандидатот 10.981. Во скопска Гази Баба таа разлика е уште поголема 18.771 за Арсовска, наспроти 7.785 за Шилегов. Во Бутел Арсовска доби 8.377, а Шилегов 5.800 гласа. Во Шуто Оризари поддршка за данела дале 4.000 гласачи, за Шилегов 3.641. Во Карпош 15.704 гласа има сега веќе новата градоначалничка на Скопје, а 12.981 пак гласа освои досегашниот градоначалник. Во Ѓорче Петров 11.568 граѓани се изјасниле за Арсовска, а 6.276 за Шилегов.

ПретходнаЗаев ги повика претседателите на партиите од парламентарното мнозинство: Ќе се разговара за нов премиер и нова Влада
СледнаПрв лет на „Изиџет“ од Скопје – Скопскиот аеродром добива нова линија