Аргентинскиот градоначалник прими вакцина држејќи фотографија на Путин

Градоначалникот на Роке Перез, аргентински град од провинцијата Буенос Аирес, Хуан Карлос Гаспарини, прими вакцина против коронавирусот, држејќи во раката фотографија на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ја примив вакцината, му благодарам на претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез. Говореа дека сакаат да не отрујат, а вакцините спасуваат животи“, напиша Гаспарини на социјалните мрежи.

Google search engine

Русија и Аргентина неодамна потпишаа меморандум за разбирање кој има за цел стартување на производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник 5“ во оваа латиноамериканска држава.

Руската вакцина беше регистрирана во Аргентина во рамките на забрзана процедура и процесот на вакцинација на граѓаните се движи со полна брзина.