Apple подготвува сосема поинаков iPhone…

Apple работи на нов телефон кој ќе претставува целосно нов вид на уред познат за таа компанија. Секако, станува збор за телефон на преклопување кој ќе биде опремен со флексибилен екран.

Американската компанија која е позната по тоа што воопшто не ги коментира своите производи кои се во развој и не се осврнува на гласините за нив, се чини дека овојпат има сосема нов уред во поодмината фаза на развој.

Google search engine

Имено, се чини дека два прототипи на флексибилни iPhone паметни телефони веќе ги поминале интерните тестирања во фабриката на Foxconn во Кина, пренесува тајвански The Econimic Daily Times.

Според информациите кои досега протекоа во јавноста, новиот телефон на преклопување на Apple би требало да има сличен дизајн на Samsung Galaxy Fold: мал екран на надворешната страна, камери сместени на задната страна на уредот и голем флексибилен екран кога ќе се отвори уредот.