„Apple“ обвинет за намерно застарување на „iPhone“’: Сопствениците на овие модели се чувствуваат измамено

Белгија, Шпанија, Италија и Португалија се согласни дека нивните граѓани, како потрошувачи, се измамени од страна на технолошкиот џин.

Италијанското здружение на потрошувачи “Altroconsumo” денеска соопштило дека поднело колективна тужба против американскиот технолошки гигант “Apple”, поради праксата за однапред смислено застарување на “iPhone”.

Google search engine

Здружението навело дека бара отштета од 60 милиони евра во име на италијанските потрошувачи измамени од таквата пракса, која исто така ја препознале и италијанските власти.

Според соопштението на “Altroconsumo”, тужбата ги покрива сопствениците на “iPhone 6“, “6s” и “6s plus” кои во Италија се продадени во околу милион примероци во периодот од 2014-та до 2020-та година.

“Apple” во еден мејл навеле дека никогаш не направиле ништо со цел “намерно да го скратат векот на било кој свој производ” или да го намалат корисничкото искуство за да ги поттикнат купувачите на надградба на уредите.

Слични тужби против “Apple” поднеле и во Белгија и Шпанија, поради пресметано застарување на нивните телефони.

Европското здружение на потрошувачи “Euroconsumers”, кое ги координира активностите поврзани со трите споменати тужби, најавило дека планира да започне акција за поднесување на колективна тужба во Португалија во текот на наредните недели.