Apple никогаш нема да произведе iPhone 13, а еве зошто …

Познавачите за начинот на деловното работење на „Apple“ тврдат дека наредната генерација iPhone уреди најверојатно ќе ја носат ознаката 12S …

Минатата година Apple претстави четири модели на iPhone 12 серијата: iPhone 12 Mini, iPhone 12, iPhone 12 Pro и 12 Pro Max. Сите четири телефони користат брз процесор A14 Bionic и се разликуваат по големината, боите на куќиштето, количината на меморија и квалитетот на камерата.

Google search engine

Деловната логика за американскиот технолошки гигант доведува до логичен заклучок дека серијата iPhone 13 ќе се појави оваа година, со четири нови модели. Сепак, тоа веројатно нема да се случи …

Неколку интернет-дојавувачи, информирани за плановите на „Apple“, во објавите на социјалните мрежи се согласија дека следната генерација на уредите „iPhone“ најверојатно ќе бидат со ознака 12S.

„Apple“ претходно ја користеше буквата „S“ во името на своите телефони, а досега се користеше за означување на уреди кои го задржуваа дизајнот на претходните модели, но добија подобрен хардвер.

Сепак, донекаде воспоставената шема за објавување подобрени модели „S“ се смени пред неколку години кога беше претставен iPhone 8 наместо 7S. Истото се случи подоцна кога iPhone X го наследи XS, а потоа, по iPhone 11, дојде iPhone 12.

Дојавувачот Џон Прозер, познат по својата емисија на YouTube „Front Page Tech“, е прилично убеден дека следниот iPhone ќе се вика 12S. Тој тврди дека Apple тогаш целосно ќе го „прескокне“ iPhone 13, а подоцна во 2022 година ќе го лансира iPhone 14.

Претпоставките дека Apple целосно ќе го изостави iPhone 13 звучи разбирливо, со оглед на негативните асоцијации поврзани со бројот „13“ и лошата среќа што ја носи.

Не е редок случај во светот, од овие причини, зградите „да немаат“ 13-ти кат, а хотелите соби со број 13, и дека многумина избегнуваат да стапат во брак на 13-ти ден во месецот, потсетува британски Експрес. Со други зборови, “трискаидекафобија” – стравот од бројот 13, е многу распространет низ целиот свет, па затоа не е изненадувачки што многу компании го избегнуваат тоа каде и кога можат, за да не го загрозат својот бизнис на кој било начин.

Всушност, единствените за кои сигурно може да се каже дека заработиле добро од бројот 13, најверојатно, се продуцентите на култниот хорор „Петок 13-ти“.

- АУДИО РЕКЛАМА -