Apple ги претстави новите адути: iMac во боја, 5G iPad, AirTags…

Apple денеска на Spring loaded настанот ги претстави новите iPad Pro, како и iMac и AirTags уредите.

Тука се и Apple Card, Podcast апликацијата, виолетовиот iPhone 12 и iPhone 12 Mini, Apple TV 4K со редизајниран далечински управувач и секако, новиот iMac.

Најтенок, најмоќен и најбрз досега. Како што соопштија од Apple, iMac ја добива најмоќната камера досега, екран од 24 инчи, супериорен звук, нова тастатура и глувче, а новите корисници ќе можат да изберат и боја.

Претставен е и новиот iPad со 5G, а исто така објавени се и цените на iPad Pro – од 799 до 1099 долари.

Инаку, настанот започна со Apple Podcast апликацијата, а претставен е и геџетот AirTag за ништо повеќе да не загубите.