Апасиев: Имаме советници во над 30 општини

Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, на прес-конференција соопшти дека во околу 30-ина општини „Црвените“ влегле со своите советнички листи. За оваа партија, која на минатите локални избори имаше 3 советника, е голем чекор напред.

„Имаме зошто да славиме! Почна долгоочекуваната пасокизација на СДС. Покажавме дека сме најбрзорастечко левичарско движење во Европа. Направивме разултат кој е 15 пати подобар од минатите локалнни избори и четири пати подобар од парламентарните. Сега имаме советници во над 30-ина општини. Ние, како раководство, сме задоволни од овие избори. Хибридниот режим на Заев завршува! Опозициските тенденции се евидентни. Сега Заев е веќе дел од буништето од Историјата“.

Google search engine