Апасиев: 11 македонски и 10 албански министри, па ова е рамковна тиранија! ДУИ „искина“ осум македонски премиери

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, во своето денешно обраќање во Собрание, рече дека СДСМ има тенденција на „џандаризација“ на новата влада.

 „Воведовте башибозук демократија, ние станавме косовски полупротекторат, воведовте апартхејд кога Македончиња и Албанчиња живеат одвоено, имате отворено македонофобство, непочит кон химна и знаме, а вие Османи, внимавајте да не направите тешка стратешка грешка со идно предавство со Бугарија“, рече Апасиев и додаде дека тоа нема да биде простено зашто „Македонија е долга и широка работа“, изјави Апасиев.

Google search engine

Апасиев упати силна критика на ресорот МВР поради скандалите со фалсификуваните пасоши.

„И по сето тоа Оливер Спасовски останува и си ја носи десната рака Славјанка и колешката Грковска кои доаѓаат од МВР, а да не зборуваме за Бисера Костадиновска и нејзиното владиното покривање за биотероризам“, изјави тој.

Апасиев исто така изјави дека ќе потсети дека кандидатите на ДУИ се пообразовани од кандидатите на СДСМ, а со оваа влада се правело албанизација на Македонија.

„11 македонски и 10 албански министерски места, па ова е рамковна тиранија, полупротекторат, паралелна држава во држава каде младите мекедончиња и албанчиња не комуницираат, непочит кон химна, јазик, а бујар Османи треба да се пази што ќе направи со Бугарија“, изјави Апасиев.

„ДУИ „искина“ осум македонски премиери, вие Ковачевски ќе бидете деветтиот, а во таа влада ќе бидат и натаму Груби и Маричиќ, без Царовска, сите како ангели на Сорос. Додека врескаат за некакво руско мешање, земјата ни стана на нивото на Сенегал. Додека ДУИ лета орли, секое второ дете се раѓа во Шипковица. А во Југославија имаше десет пати повеќе првачиња Албанчиња, значи правите зулум и кон своите Албанци, не излегувате од национал шовинизмот и правите бејрутизација на Македонија“, додаде Апасиев.

Тој на Ковачевски му рече дека ќе си направи муабет со него како со негов професор и мандатар.

„Тој е менаџер, бизнисмен и професор и потекнува од омразената црвена буржоазија. Од биографијата на Ковачевски првпат дознав дека Харвард имал диспрезирани студии во Црна Гора. Вие сте капиталист. Кога го земав вашиот анкетен лист се дупнав од броење, три стана, возила, заштеди во банка, имате сеф, ама не знаеме што има во сефот. Единствена светла точка во новата влада е професорот Тупанчевски, но оваа камарила на Маричиќ ќе ве напарави руски шпион оти сте докторирале на Ломоносов. Легалитет како влада имате, ама легитимитет немате. Легитимитет не се стекнува со киднапирање на пратеник, вас ве нема за носител на изборна листа, тројца носители на изборни единици ви се одметнаа. Вие сте узурпатор на тронот бидејќи доаѓате на најмоќната позиција без избори“, изјави Апасиев.

ПретходнаСцена од Тонга која ги згрози луѓето: Цунамито се движи кон нив – тој со тупаници удира во палмата
СледнаПаметни телефони кои најмногу зрачат – кој е прв на листата?