Анкетите покажуваат драматичен пад на Бајден: Ова му се нема случено на ниту еден претседател по Втората светска војна

Анкетата на Галуп од минатиот петок, чија цел беа Американците меѓу 1 и 19 октомври, покажува дека довербата во политиките на Џозеф Бајден е намалена за 11 отсто во споредба со првиот квартал оваа година, кога тој ја презеде власта, а заклучно со третиот квартал. Тоа не му се случило на ниту еден друг претседател од Втората светска војна, односно цели 75 години.

Бајден го започна својот мандат со релативно солиден рејтинг, кој се движеше меѓу 54 и 57 отсто, од јануари до јуни. Во јули, неговата поддршка и одобрување паднаа на 50 проценти, и на 49 проценти во август, заедно со зголемувањето на инфекциите со коронавирус во Соединетите држави. Хаотичното повлекување на американската војска од Авганистан кон крајот на август, кое вклучуваше смрт на повеќе од десет американски војници, во терористички напад на аеродромот во Кабул, веројатно беше причината зошто рејтингот на Бајден во септември падна на 43 отсто, објави Галуп.

Google search engine

Според анализата на анкетата на агенцијата од Вашингтон, веќе во јуни беше забележливо дека заврши меден месец на Бајден со јавноста.

Претседателот се соочува и со растечко разочарување кај Американците дека не може да ја реши граничната криза, потоа не може да обезбеди синџири за снабдување. Тој е критикуван за високата цена на гасот, зголемената инфлација, недостигот на стоки за широка потрошувачка и одговорот на пандемијата. Има цела листа на други работи, вели Галуп.

Рејтингот на претседателот покажува од месец во месец дека неговата поддршка во домицилната партија опаѓа, како и кај независните гласачи, а само четири проценти од анкетираните републиканци ја одобруваат работата што тој досега ја завршил и бројката најверојатно ќе падне на нула доколку работите не се свртат драматично во корист на претседателот, песимистична е агенцијата.