Со нив го делиме катот или зградата, некој со нив пие и кафе, излегува на вечера, а некој едноставно има афера.
Можеби сте ја гледале серијата „Очајни домаќинки“, но кога станува збор за приказните во кои жените ги заведуваат мажите кои живеат до нивниот дом – тоа не е ништо чудно.
Платформата „Gleeden“ испитала дури 8.000 свои корисници, какви се нивните односи, да не речеме – интригите со соседите. Резултатите биле изненадувачки.

Додека некои одлучиле да бидат воздржани, над 50 отсто од нив со соседите споделуваат многу повеќе од заедничко кафе.
62 отсто од испитаничките признале дека имале фантазии за своите соседи. Мажите (дури 71 отсто од нив) имале фантазии за односи со сосетките.
Жените во овој случај биле похрабри. 31 отсто од испитаните жени имале афера со соседите. Кај мажите процентот бил помал, односно 23 отсто од нив.
„Gleeden“ ги прашал испитаниците и колку долго траеле тие афери.
Одговорите варирале. Поголемиот дел од мажите (62 отсто) се задоволиле со афера за една вечер, жените пак (околу 47 отсто од нив) биле во тајна врска со соседите и по неколку седмици, а 14 отсто од нив ја продолжиле врската и по неколку месеци.