Анистон се соголи – во буквална смисла! Храбро издание на познатата актерка за насловната страница на Allure

Приказната на Џенифер Анистон за борбата за потомство е главна тема во нејзиното интервју за магазинот „Allure“, но фотографиите и смелите парчиња облека ја придружуваат разоткривачката приказна во која таа конечно одговори на суровите озборувања што ја следеа.

Омилената актерка од „Пријатели“ е ѕвезда на насловната страница на списанието Allure за декември 2022 година, а за таа прилика носела парче што е дел од модната историја: мали „nipplekini“ на Шанел што првпат беа претставени на супермодели како Ева Херцигова и Стела Тенант на модната писта – пролетта во 1996 година.

Google search engine

Минијатурното бикини претходно беше видено на Ким Кардашијан, која го носеше за впечатливо (и во меѓувреме избришано) селфи во 2018 година.

Горниот дел од споменатото парче облека се состои од два ситни кругови со извезено лого на Шанел, а е поврзанo со тенки ремени.

Додека Анистон повеќе се поврзува со класични црни фустани и лежерни комбинации од фармерки и маици отколку со оскудни парчиња од 90-тите – овој стил ја одразува откривачката природа на насловната приказна, во која добитничката на Еми се отвора за нејзините предизвици и борбата со неплодност.

Image

Анистон, исто така, зборувала за „збогувањето“ со нејзините родители (кои се развеле кога таа била млада), но и дека се чувствува подобро од кога било во своја кожа.

Image

Џенифер во јавноста е претставена како личност која не сака да стане мајка, но за „Allure“ таа конечно одлучила да ги демантира суровите гласини.

„Се обидов да забременам. Тоа беше многу предизвикувачки пат за мене. Години и години разни шпекулациии… Поминав низ ин витро процеси, пиев кинески чаеви. Го правев сето тоа“, објаснила Анистон.