Ангеловска-Бежоска: Се подготвува Предлог-закон за финансиски правобранител, кој ќе постапува по жалбите на граѓаните и ќе ги штити нивните права

Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со Закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите. Ова во интервју за националниот сервис МТВ, го изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Ангеловска-Бежоска посочува дека иако Народната банка нема експлицитен законски мандат за заштита на потрошувачите, сепак како општествено одговорна институција презема повеќе мерки во овој сегмент. Пример за тоа е Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија како заеднички документ кој беше подготвен и донесе во соработка со Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, која предвидува повеќе активности со цел зголемување на заштитата на корисниците на финансиски услуги.

Google search engine

„Тие активности се фокусираат на два сегмента. Едниот сегмент е финаниска едукација, со цел зголемување на информираноста на корисниците на финаниски услуги, за нивните права, но и обврски, како и запознавање со различни финаниски производи за подобра информираност и носење правилни одлуки. Вториот сегмент е подобрување и зајакнување на регулаторната рамка за заштита на потрошувачите. Прв конкретен чекор во ова насока е Законот за платежни системи, којшто ќе обезбеди значаен квалитативен скок во делот на заштита на правата на потрошувачите во користење на услугите за платен промет”, вели гувернерката.

Ангеловска-Бежоска истакнува дека нова активност, којашто неодамна започнала во рамки на централната банка, а на која банката ќе работи заедно со другите финансиски регулатори, е изготвување на Закон за финансиски омбудсман, односно финансиски правобранител. Идејата на овој закон е воспоставување на посебна институција којашто ќе постапува по поплаките од граѓаните и ќе има експлицитен мандат за заштита на интересите на граѓаните.

- АУДИО РЕКЛАМА -