Ангелот на „Vistoria’s Secret“ хипнотизира со своето сексапилно тело, никој не може да ѝ најде маана

Совршена фигура и стас, прекрасно движење, насмеано лице – тоа се атрибутите кои што го красат овој славен „ангел“.

Славната манекенка со потекло од Јужна Африка и ангелот на Викорија Сикрет, Кендис Свонпул (32), го покажала своето неверојатно и сексапилно тело во Мајами, додека уживала на сонцето со своите пријатели.

Имено, убавата русокоса се сончала и капела во минијатурно црвено бикини и изгледало дека не се плаши од коронавирусот, со оглед на тоа што не држела социјална дистанца.

32-годишната манекенка го покажала својот рамен стомак и неверојатно долгите нозе, како и подигнатиот задник на кој што ѝ завидуваат многу од жените ширум светот, а кога се свртела нејзиниот задник едноставно бил совршен за очите на набљудувачот.

Совршената фидура, правилното одење, насмеаното лице – тоа се атрибутите кои што го красат прекрасниот ангел на Викторија Сикрет.

Кендис изгледала многу среќно со своите пријатели, а таа моментално нема љубовен партнер.

Да ве потсетиме, Кендис во летото 2019-та година на социјалните мрежи објави дека 14 години била во врска со бразилскиот манекен Херман Нико со кој што има двајца синови, но дека сега е слободна.