Андроидите лесни мети за хакерите: Ова се најдобри апликации за заштита

Андроидите често се мета на хакери и компјутерски криминалци. Затоа, на корисниците им се препорачува да инсталираат квалитетен антивирусен софтвер на нивните уреди.

Експертите од Независниот институт за сајбер безбедност (АV-тест) неодамна спроведоа истражување за да откријат кои „антивируси“ се моментално најдобри.

Google search engine

Резултатите покажуваат дека решенија од трети страни, дури и бесплатни, се подобри од оние што ги нуди Google.

Бодување во три категории

Тестот вклучува 17 апликации, чиј „мотор“ е оценет во три категории: степен на заштита, перформанси и целокупна корисност. Секоја категорија донесе по шест бода.

Дури 11 апликации освоија максимум 18 поени, а тоа се:

1. AhnLab V3 Mobile Security
2. Avast Mobile Security
3. AVG Antivirus Free
4. Avira Antivirus Security
5. Bitdefender Mobile Security
6. G Data Mobile Security
7. Kaspersky Internet Security for Android
8. McAfee Mobile Security
9. NortonLifeLock Norton 360
10. Protected.net Total AV
11. Trend Micro Mobile Security

Google Play Protect, што корисниците обично го имаат на својот телефон, се покажа како најлош.

Апликацијата успеа да задоволи само во однос на перформансите, додека доби нула поени за заштита и корисност.

- АУДИО РЕКЛАМА -