Анализа на БиБиСи: Како Зеленски ги користи своите говори за да го добие она што го сака?

Додека неговата армија неуморно се бори на украинските боишта, Володимир Зеленски, пак, води информативна војна во главните градови на западниот свет, со што ја започнува анализата на Би-Би-Си за комуникацијата на украинскиот претседател.

Тој за две недели се обрати пред 10 парламенти, a каде и да се обрати, доби аплауз.

Реклама

Појавувајќи се преку видео врска од опколениот главен град, облечен во зелена маичка, тој често се одјавува со поздравување со стиснати тупаници. Како што одекнува аплаузот, така и исчезнува. Се брза, со егзистенцијални работи.

„Тој знае како да го отелотвори духот на нацијата“, изјави за Би-Би-Си Џонатан Ејал од Royal United Services Institute. „И не само во говорот туку и во начинот на кој се појавува и зборува.“

Исто но различно

Говорите, кои беа адресирани до пратениците во Лондон на 3 март, имаа една цел – да добие меѓународна поддршка – а претседателот Зеленски тоа го направи со серија многу внимателно скроени пораки.

Од падот на Берлинскиот ѕид до терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк, говорите на Зеленски потсетуваат на важни светски настани и трауми.

Тој во средата во Париз го евоцира националното мото „слобода, еднаквост, братство“, а во Јапонија потсети на нуклеарната катастрофа.

Референците не се суптилни, не треба да бидат. Тие се висцерални.

Зеленски не губи време да дојде до поентата. Во првите минута до две во обраќањата до Лондон, тој ги спореди 13-те дена на војна на Украина со битката за Британија, решавачката битка за Британија во Втората Светска Војна.

На начинот на Шекспир (да се биде или не), стигна до Винстон Черчил. Зеленски не го именуваше воениот британски водач, но тој славниот говор на Черчил од јуни 1940 година суптилно го приспособи на украинската географија.

„Ќе се бориме во шумата, ќе се бориме на полињата, на плажите, во градовите и селата, на улиците, ќе се бориме во ридовите“, рече тој.

Како што напредуваше парламентарната турнеја на Зеленски, во говорите се вовлекуваа поостри ноти. Тој не се плашеше да го предупреди Западот бидејќи, според него, тоа е нивни  неуспех да обезбедат доволна поддршка за Украина.

Моќта на срамот

„Во секој говор на Зеленски, тој зборува – каква личност сте вие“, рече Номи Клер Лазар, професорка по јавни и меѓународни односи на Универзитетот во Отава, која студира политичка реторика. „Каква нација сте вие? Ако не успеете да го доживеете овој момент, треба да се засрамите.“

Во својот говор пред Конгресот на САД со повикување на Перл Харбор, Мартин Лутер Кинг и планината Рашмор, претседателот Зеленски ја прекори својата публика со необичен недипломатски речник. „Бараме одговор“, рече тој. „Одговорот на овој терор. Дали е тоа премногу за да се бара“.

Во обраќањето пред италијанскиот парламент во вторникот, претседателот Зеленски повторно прибегна кон засрамување на својата публика, истакнувајќи дека луѓето блиски до Путин уживале на одмор во Италија.

„Не бидете засолниште за убијците“, им рекол тој.

Како претседател на земја која страда од неиспровоцирана инвазија, професорката Лазар вели дека Зеленски го заслужил правото да го стори тоа. „Не можете да одите во странски парламенти и да велите срам да ви е ако веќе не сте се поставиле како морален арбитер“, вели Лазар.

Од таа перспектива, како лидер на земјата која беше нападната, без провокација, разбирливо е да отстранува секаква трага на самозадоволство од својата публика.

„Мислам дека има доза на фрустрација со него и неговиот тим“, вели Орисија Луцевич од тинк-тенк Chatam House. „Тие не чувствуваат дека луѓето се доволно потресени“, додаде тој.

Овации

Во секој негов говор, кој го напиша во соработка со неговиот близок соработник Дмитриј Литвин, Зеленски ја „заробуваше“ публиката: политичарите охрабрени од неговата неконвенционална, директна реторика.

Тој исто така му се обраќа и на сопствениот народ.

Зборува украински и избегнува да носи одела кои инаку се поврзуваат со овој тип на политички спектакл. Тоа е извонредна трансформација за политичар чиј рејтинг паѓаше неколку месеци пред почетокот на војната.

Пред војната, минатото на Зеленски како комичар се сметаше за слабост. Во моментите на напад на Украина, тоа станува предност.

„Комедијантите заработуваат пари создавајќи многу интимни односи со својата публика“, вели професорката Лазар. „Тоа чувство дека сме засрамени, нè возбудува и нè смее“, додава тој.

Претставата, со едноставна, неукрасена порака – направи повеќе за да ни помогне – има една крајна публика: јавното мислење на Запад.

„Тој се обидува да создаде таков притисок одоздола“, вели професорката Лазар. „Домашен притисок врз владите, што е особено важно бидејќи тоа што го бара е навистина скапо“, додаде тој.

Поставување на агендата

На крајот на краиштата, тоа е она за што се работи. Зеленски не ја започна оваа турнеја низ светските законодавни тела само за да собере симпатии. Украина се бори за своето постоење и може да продолжи да го прави тоа само со голема, континуирана воена помош на нејзините сојузници.

Со недели, претседателот Зеленски бара од НАТО да воспостави зона на забранети летови над Украина. Тој знае дека нема да го добие, но може да го добие следното најдобро нешто.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, во вторникот ја претстави алтернативата на зоната на забранети летови. „Ве молиме воведете зона за забранети летови или дајте ни доверливи системи за воздушна одбрана“, рече тој.

Напорите за поправка на украинската воздушна одбрана веќе се во тек, а САД рекоа дека имаат залихи на стара, но сè уште ефикасна опрема од советската ера.

Реклама