Аналитичарите тврдат дека Путин стравува од една од најмоќните руски организации и ги праќа во притвор

Повеќе аналитичари сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да се најде во проблеми поради тензиите меѓу Кремљ и разузнавачката заедница.

Аналитичарот Алексеј Муравијев за „Sky News“ сугерирал дека руските разузнавачи би можеле да го отстранат Путин од власт.

Google search engine

„Мислам дека некое време постојат тензии меѓу руската разузнавачка заедница и Владимир Путин. Тој на нив им презентирал некој вид на лажен наратив, а кога тоа му се вратило откако руските сили претрпеле тешки загуби, Путин почнал да ги обвинува своите разузнавачи“, рекол Муравијев.

Андреј Солдатов, аналитичар специјализиран за руски безбедносни сили, рекол дека верува дека рускиот претседател е во незавидна ситуација.

„Путин веќе неколку недели се подготвува за пуч поради острите критики на сметка на специјалната операција во Украина. Веќе се ослободил од 150 свои шпиони поради неуспехот во Украина“, рекол Солдатов во разговор за Центарот за европски политички анализи (CEPA).

Солдатов рекол дека двајца високи функционери на ФСБ, руската разузнавачка агенција која ја наследила КГБ, минатиот месец биле ставени во домашен притвор по наредба на Путин. Тој потег покажува дека Путин е и тоа како загрижен дека руските разузнавачи би можеле да се свртат против него, тврди Солдатов.