Шефот на американската разузнавачка агенција за одбрана, Скот Бериер изјавил дека денес Ал Каеда би можела повторно да ѝ се закани на Америка од Авганистан во рок од една до две години.
Бериер на состанокот за одбрана и национална безбедност го повтори предупредувањето кои го дале службите пред повлекувањето на американските сили од Авганистан.
Заменик директорот на ЦИА, Дејвид Коен, рекол дека САД веќе откриле некои назнаки за потенцијално преминување на Ал Каеда во Авганистан.

Експертите веќе долго време велат дека Талибанците и понатаму ја одржуваат врската со Ал Каеда, која имала засолниште во Авганистан пред нападот на 11 септември 2001 година.
Експертите за борба против тероризмот процениле дека пред повлекувањето Ал Каеда имала неколку стотина борци во Авганистан.

Американските известувачи на средината на април предупредиле дека планот за повлекување на американските војници од Авганистан може да ја поттикне терористичката организација Ал Каеда и Исламската држава да ги обноват силите потребни за напад на САД.
Предупредувањето стигнало бидејќи претседателот на САД, Џо Бајден формално го најави повлекувањето на силите од Авганистан и крајот на американскиот ангажман во најдолгата војна досега.