Американските медиуми објасниле: Со три потези Путин дополнително го зголеми влијанието на Русија во Светот

Се проценува и дека тензиите во односите меѓу Русија и Западот и натаму ќе продолжат да траат.

Руското раководство оваа година преземало низа чекори кои можат да го зголемат влијанието на земјата во странство, пишува “Wall Street Journal”.

Google search engine

Како што се наведува во текстот на американскиот весник, претседателот на Русија, Владимир Путин во ноември ја преземал улогата на посредник меѓу Ерменија и Азербејџан при склучувањето на мировниот договор во Нагорно-Карабах. Според оценката на весникот, тоа го зголемило статусот на Кремљ како посредник во регионот и обезбедило влијание во двете држави.

“Властите во Ерменија и Азербејџан, веројатно, со повеќе почит ќе се однесуваат кон Русија, бидејќи тие зависат од Путин кога станува збор за продолжување на борбата на јужен Кавказ”, се наведува во статијата.

“Русија со многу држави склучила и договор за продажба на вакцина против коронавирус. Според зборовите на аналитичарите, тоа може да и помогне на Москва да употреби мека сила кон државите кај кои врши испорака, посебно во јужна Америка и на Блискиот исток”, стои во текстот.

По Нагорно-Карабах и вакцината, како трет потег се наведува поддршката на Александар Лукашенко по изборите во Белорусија.

На крајот, што се однесува до тензиите во односите меѓу Русија и Западот, тие за време на администрацијата на Џозеф Бајден “веројатно и натаму ќе траат”.