Американскиот суд одлучи: Суспендирана обврската за вакцинација која Џо Бајден ја бара за компаниите

Американскиот сојузен апелационен суд ја суспендираше обврската за вакцинација која ја наметна претседателот Џо Бајден на вработените во компаниите со повеќе од 100 луѓе, велејќи дека е потребно повеќе време за анализа на можните „сериозни уставни и процедурални проблеми“.

Мерката на американскиот претседател бара десетици милиони вработени да се вакцинираат против Ковид-19 до 4-ти јануари, инаку во спротивно ќе мора редовно да се тестираат.

Реклама

Мерката која беше објавена во средината на септември, а усвоена оваа недела, веднаш беше испратена на проценка до судовите, помеѓу другите и во Тексас, каде што владеат републиканци кои се противат на секоја обврска за вакцинација во борба против пандемијата.

Во одлуката, судот на Тексас пресудил дека жалителите дале аргументи „според кои можат да постојат сериозни уставоправни и процедурални проблеми“ со владиниот текст.

Поради тоа, одлуката е суспендирана до подетална правна анализа.

Реклама