Американскиот комичар објави гола фотографија од него и Емили Ратајковски за Денот на вљубените

Актерката и модел Емили Ратајковски веќе некое време се забавува со комичарот Ерик Андре, кој за Денот на вљубените објави фотографија на која двајцата се голи.

„Среќен Валентајн“, напишал Андре и додал мноштво емотикони од срциња.

Google search engine

Андре на фотографијата позира целосно гол на црн кауч, а меѓуножјето го прикрил со емотикон. Во огледалото зад него се гледа Ратајковски која носела само градник и која ја фотографирала оваа опуштена сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eric Andre (@ericfuckingandre)

На подот се гледа расфрланата облека која ја соблекле, како и шише вино. Иако комичарот не нагласил дека токму Ратајковски е голата девојка во огледалото, не е тешко да се погоди дека станува збор за неа.

Ратајковски и Андре за првпат беа видени заедно кон почетокот на јануари во ресторан во Њујорк. По тоа, беа „уловени“ уште неколку пати заедно. Парот веќе беше и на заеднички одмор на Кајманските острови, каде папараците ги снимија како разменуваат нежности.

Се чини дека манекенката ужива во друштво на комичари. Пред Андре, некое време се забавуваше и со комичарот Пит Дејвидсон.