Американската полиција во потрага по човек што лета! Пилоти први го забележиле

Американската полиција го испитува случајот со летечкиот човек, кого пилотите кои слетаа на аеродромот во Лос Анџелес објавија дека го виделе на надморска височина од 900 метри.

Google search engine

Истрагата за овој случај ја презеде ФБИ, бидејќи пилотите на комерцијалните летови поднеле извештај дека човек со „џет пек“ (ранец со млазен погон) кружи во воздухот во близина на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, објави Фокс Њуз.

Бизарниот случај изненади многумина и го покрена прашањето дали некој би ризикувал толку многу да им се најде на патот на бројните авиони што се приближуваат до еден од најпрометните аеродроми на светот.