Американците успеале да запленат моќно руско оружје: ПВО системот итно бил пренесен во базата „Рамштајн“

Американската армија минатото лето во Либија го запленила рускиот против-воздушен систем „Панцир“, пренесува британски „Тајмс“, додавајќи дека веднаш потоа ПВО системот со авион „Ц-17“ бил пренесен во американската база „Рамштајн“ во Германија.

Иако како причина за запленувањето на ПВО системот „Панцир-С1“ најверојатно била наведена „да се обезбеди системот да не падне во погрешни раце“ и да се користи против цивилните авиони, сепак јасно е дека Американците можат од системот да добијат бројни информации за руската против-воздушна технологија.

Реклама

Но, мала е веројатноста Американците да имаат добиено нешто корисно од ПВО системот, пренесува „Тајмс“.

„На извозните верзии, како запленетата во Либија наводно им се одзема внимателно чуваната база на податоци за идентитетот на пријателите и непријателите со кодови на транспондерите за сите руски воздухопловни сили. Системот инаку е способен да погоди мета на мали висини до 15 километри и има домет од околу 30 километри.

 

„Тајмс“ цитираше руски функционер кој изјавил дека „Панцир“ имал ограничена информативна вредност, затоа што доколку сакале, САД можеле да го испитаат ПВО системот и во Обединетите Арапски Емирати, затоа што заливската земја исто така поседува таков систем, а истовремено е сојузник на САД.

Сепак, според некои тврдења, Американците сакале едноставно да ја елиминираат потенцијалната закана која би ја претставувал рускиот ПВО систем доколку паднел во рацете на бунтовничките фракции во Либија и најверојатно системот е веќе уништен.

Една од теориите исто така е дека американската армија ќе го користи системот за обука со користење на реален руски против-воздушен систем, а не симулација. Во секој случај, иако ПВО системот „Панцир“ е неколку пати надоградуван, сепак извозните верзии се најчесто помалку способни од системите развиени за руската армија.

Реклама