САД тврдат дека ФСБ (руската разузнавачка служба) регрутира сегашни и поранешни функционери на украинската влада за да ја преземат владата во Киев и дека соработуваат со руските окупаторски сили, пишува Гардијан.
Министерството за финансии на САД воведе санкции за двајца украински пратеници и двајца поранешни функционери за кои се вели дека се вмешани во наводен заговор кој вклучувал дискредитација на актуелната влада на претседателот Владимир Зеленски.
„Русија им наложи на своите разузнавачки служби да регрутираат сегашни и поранешни функционери на украинската влада за да се подготват за преземање на украинската влада и контрола на критичната инфраструктура на земјата за окупаторските руски сили“, се вели во соопштението на Министерството.
Наводите сугерираат дека американското разузнавање стравува дека Русија се подготвува за целосна инвазија, а не за „мал упад“ што Џо Бајден го наведе како можност во средата.
Двајцата санкционирани пратеници се Тарас Козак и Олег Волошин, двајцата членови на проруската партија предводена од Виктор Медведчук, кој од мај минатата година е во домашен притвор во Украина под обвинение за предавство.
Поранешниот украински функционер, Владимир Олиник, кој сега живее во Русија, е казнет затоа што „постапил според упатствата на ФСБ за собирање информации за критичната инфраструктура на Украина“.
Четвртиот човек е Владимир Сивковиќ, поранешен заменик секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.
„Во 2021 година, Сивкович соработуваше со мрежа на руски разузнавачки актери за да спроведе влијателни операции кои се обидуваа да изградат поддршка за Украина за официјално да и го отстапи Крим на Русија во замена за повлекување на силите поддржани од Русија во Донбас“, соопшти американското Министерство за финансии во изјава.
Четворицаta мажи се уште не се достапни за коментар. Русија ги негираше плановите за инвазија на Украина, но собра повеќе од 100.000 војници долж границата на земјата.