АМЕРИКА ЗАГРИЖЕНА: Во Србија е спроведена тајна операција! МОЌНО Кинеско оружје е испорачано во Белград!

Американската агенција Асошиетед прес денеска наведува дека Србија добила софистициран кинески противвоздушен ракетен систем во, како што велат, тајна операција што се случила викендов.

АП, повикувајќи се на медиумите и воените експерти, наведува дека шест кинески воени транспортни авиони Y-20 слетале во саботата во Белград носејќи го ракетен систем земја-воздух HQ-22 за српската армија. Агенцијата тврди дека на белградскиот аеродром Никола Тесла биле фотографирани кинески товарни авиони со воени ознаки.

Google search engine

Експертите сметаат дека испораката на оружје преку најмалку две членки на НАТО, Турција и Бугарија, е демонстрација на растечката кинеска моќ во светот, наведува АП. Кинескиот ракетен систем најмногу се споредува со американскиот Патриот или рускиот систем С-300, иако има помал дострел од С-300.

Србија ќе биде првата земја во Европа што ќе поседува кинески ракети,  се додава во текстот на АП.