Според новите законски предлози кои ги припрема Вашингтон, Џеф Безос би плаќал околу 2 милијарди долари данок годишно како данок на богатство.
Како дел од напорите да се намали нееднаквоста и да се надомести недостатокот на данок на доход на државата, законодавците на државата Вашингтон предлагаат 1 отсто данок на богатство поголемо од милијарда долари.
Законодавците велат дека данокот би обезбедил околу 2,5 билиони долари годишен приход и истиот би се пресметувал само на т.н. нематеријални финансиски средства или финансиски вложувања во хартии од вредност.
Сепак, даночните експерти велат дека државниот данок на богатство би бил претерано зависен од 4 богаташи кои го сметаат Вашингтон за свој дом: освен Безос, тоа се и Бил Гејтс, Мекензи Скот и Стив Балмер.
Џеред Валцак од Даночната фондација вели дека 97 отсто од даночните приходи ќе доаѓаат од овие 4-ца милијардери, пренесува „Investitor“.
Безос, чие богатство моментално вреди околу 200 милијарди долари, според новиот данок би должел околу 2 милијарди долари годишно. Гејтс со богатство од околу 135 милијарди долари би должел околу 1,3 милијарди долари, додека Балмер околу 870 милиони долари. Поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, би должела околу 600 милиони долари годишно, според ваквиот предлог.
Но, бидејќи ниту еден член на оваа вашингтонска голема 4-ка нема постојани корпоративни операции во оваа држава, тие би можеле едноставно да се преселат во друа држава за да го избегнат плаќањето данок, велат критичарите на овој предлог.