Америка: Путин испраќа генерал познат по својата бруталност во Украина

Русија го назначи својот најискусен воен офицер, генералот Александар Дворников за командант во војната против Украина, изјави висок американски претставник.

Џек Саливан, советник за безбедност во Белата куќа, рече дека Дворников ќе биде само уште еден автор на злосторства и бруталност врз украинските цивили.

Google search engine

„Ниту еден генерал не може да го избрише фактот дека Русија веќе се соочи со неуспех во Украина“, рече Саливан.

Американските власти велат дека имаат записи за злосторства извршени од 60-годишниот Дворников врз цивили во Сирија и други области.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.