Алек Болдвин вербално нападнал новинар во Њујорк, неговата сопруга не дозволила ситуацијата да ескалира

Глумецот Алек Болдвин е снимен пред куќата на режисерот Вуди Ален во Менхентен, Њујорк, каде вербално го нападна новинарот на Њујорк Пост.

Новинарот ги воочил глумецот и неговата сопруга пред куќата на славниот режисер и веднаш го извадил телефонот и почнал да ги снима.

Google search engine

“Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк?”, запрашал новинароти, но сопругата на Алек го замолила да си замине.

Новинарот го игнорирал тоа и продолжил да ги снима поставувајќи им прашања, а тоа го налути Болдвин.

“Не смеете да снимате пред нечија приватна куќа”, рекол тој и мавтал со раката во која носел чадор.

Хилариабрзо реагирала и го фатила сопругот со цел да не прерасне во физичка пресметка.

“Ова е јавна сопственост”, извикал новинарот Левин, додека Хилариа извикувала: “Заминувај, престани”.

“Зарем навистина не пукавте? Верувате ли дека пиштолот сам пукал без да повлечете вие? Дали навистина станува збор за грешка?”, продолжил новинарот со прашањата на кои Алек Болдвин не одговорил.

- АУДИО РЕКЛАМА -