АЛБАНСКИ ГАНГСТЕРИ ДИВЕАТ НИЗ БРИТАНИЈА: Дилаат, тепаат и мачат ЖРТВИ, па сето тоа го објавуваат на Тик Ток (ФОТО)

На социјалните мрежи се појавија видеа од албански гангстери кои ги објавуваат под изговор дека сакаат да помогнат во борбата на „тајната војна во предградијата“ и наводно да го контролираат профитабилниот бизнис со канабис во Велика Британија.

Бруталните видеа објавени на социјалната мрежа ТикТок покажуваат како шефовите на бандите користат киднапирање, лажно затворање и брутално тепање за да го зацврстат својот авторитет во мрежата на засолништа за дрога низ целата земја.

Google search engine

Некои од видеата имаат дури повеќе од 10.000 прегледи и прикажуваат жртви со модринки кои врескаат од болка и молат за помош.

Видеата се објавуваат како „остро предупредување за тоа што ќе се случи со оние кои ќе изберат да ги напуштат или да ги изневерат“.

Крвав напад преку социјалните мрежи

Според Дејли Мејл, криминолозите веруваат дека бандите го прикажуваат крвавиот напад на социјалните мрежи за да ја покажат својата сила над ривалските криминални групи.

Тоа го прават, наводно, за да привлечат нови членови на бандата.

Тајната истрага откри дека трговците со луѓе им нуделе на илегалните мигранти работа во „куќи со канабис“ во Велика Британија за да ги платат своите долгови.

Податоците доаѓаат откако Министерството за внатрешни работи предупреди дека бранот криминални банди претставува „значаен ризик“ за националната безбедност, при што традиционалните баратели на азил се заменети со „млади работоспособни мажи“ осомничени за врски со организиран криминал.

Албанците сочинуваа околу 60 отсто од мигрантите во ОК во текот на летото, а се смета дека до 7.000 пристигнале оваа година, многумина вовлечени во бруталното криминално подземје. Инаку, минатата година Албанија имала најголем број странски државјани во англиските и велшките затвори, дури 1.528 затвореници, пишува британскиот весник.

Едно видео на TikTok со наслов „Злото доаѓа од нас“, кое има повеќе од 11.000 прегледи, покажува како Албанец испрашува затвореник со црни прстени околу неговите отечени очи за да го принуди да признае дека упаднал во нивната фабрика за канабис и да ги именува како човекот што испратил него. Друг маж на истото видео е снимен како му се заканува дека ќе го тепа доколку одбие да одговори и го тера да ја отвори устата за да покаже дека веќе му се скршени забите.