Aктивности во кои жените не уживаат во спалната соба

Ако од вашиот партнер не ви одговараат некои форми на однесување, не треба да молчите за тоа или само да ја завртите главата.

Време е да поразговарате за проблемите кои ве прават несреќни.

Google search engine

Спиење после секс

Има разни типови на луѓе кои секако различно реагираат по сексуалниот однос, некои сакаат да се галат, некои да се бакнуваат, а некои едноставно палат цигара или заспиваат.

Мажите после оргазмот најчесто губат интерес за секс, бидејќи лачат повеќе серотонин и можат да заспијат. Меѓутоа, ако сакате да им се ‘одмаздите’ за тоа, тогаш дозволете им да ве доведат до врвот, а потоа направете го истото како нив – потонете во сон.

Фалбаџија

Многу мажи мислат дека ако имаат ‘алат’ кој е над просекот, дека тоа е доволно за жената да ужива во сексот. Многу жени го делат мислењето дека тоа не е доволно за тие целосно да уживаат. Имено, тие сметаат дека многу други работи влијаат за добар секс, а дека големината не е пресудна.

Играјте си

Постојат многу парови што ја занемаруваат предиграта. Тоа е нешто што е многу важно ако долго време сте во некаков однос. Како што поминува времето, предиграта станува сè понеопходна. Но, ако партнерот го избегнува тоа – кажете му.

Секогаш исто

Може да се случи партнерот да заземе поза која најмногу му одговара и воопшто да не се труди да го промени тоа. Тоа секако им се случува и на жените, но, ако забележите монотонија во спалната соба, задолжително сугерирајте му го тоа на вашиот партнер и менувајте пози и места за секс.