Актерот Елиот Пејџ до 2020 година беше познат како омилената слатка од американските филмови, Елен Пејџ, а потоа јавно излезе со признание дека е трансрод.
„Драги пријатели, сакам да споделам со вас дека сум трансродова, ги користам заменките тој/тие, а се викам Елиот. Се чувствувам среќен што можам да го напишам ова, што сум на ова место во мојот живот. неверојатно благодарен за луѓето кои ме поддржуваат на ова патување. Ве молам и за трпение. Среќен сум, но и во голем страв од инвазијата на мојот живот, омраза, шеги и насилство“, напиша тој тогаш.
View this post on Instagram
Актерот во меѓувреме го промени изгледот, па многумина не го ни препознаа на овогодинешното доделување на Оскарите, а уште порано призна дека му било тешко да се соочи со својот женствен изглед, како и дека се борел со депресија, анксиозност и напади на паника.
“Едноставно никогаш не се пронајдов себеси. Не можев ни да ја погледнам мојата фотографија долго време”, рекол тој и опишал како операциите му го промениле животот.
„Тоа не беше само операција, тоа беше животно менување и спасување“, рече Елиот, истакнувајќи дека пандемијата е таа што го навела да се помири со својот родов идентитет.
Елиот, тогаш сè уште Елен, пред осум години откри дека е лезбејка, а во февруари 2018 година откри дека е во брак со танчерката Ема Портнер. Ема цело време беше покрај Елиот и го поддржуваше во неговата транзиција, а набргу откако тој излезе како трансрод, таа и јавно го поддржа.
View this post on Instagram
„Толку сум горд на Елиот. Трансродовите, квир и небинарните луѓе се подарок за овој свет. Ве молам за трпение и приватност, но и да ми се придружувате во поддршката на трансродовите луѓе секој ден. Постоењето на Елиот е подарок само по себе. Продолжи да светиш слатка Е. Те сакам многу“, рече тогаш таа.
Сепак, веќе следната година, по три години брак, парот објави дека се разведува, но дека останале во пријателски односи.
„По внимателно разгледување, донесовме тешка одлука да се разведеме, откако се разделивме минатото лето. Имаме голема почит еден кон друг и имаме намера да останеме блиски пријатели“, рекоа тие во заедничката изјава.
За разводот не зборуваа во јавноста, ниту ја открија вистинската причина зад него.
View this post on Instagram
После тоа, Елиот беше виден во неколку наврати со различни жени, а сега го привлече вниманието појавувајќи се на церемонијата на доделување во Лос Анџелес во придружба на маж. Придружуван беше од актерот и комичар Меј Мартин, кој на социјалните мрежи се пофали со нивните заеднички фотографии.
„Мојот крал Елиот Пејџ ме извади“, напиша тој покрај фотографиите.
View this post on Instagram
Судејќи по фотографиите од социјалните мрежи, двајцата се блиски пријатели веќе некое време, а по ова излегување многумина се сомневаат дека меѓу нив има нешто повеќе.
Ниту Меј, ниту Елиот сè уште не ги коментирале гласините за нивната наводна врска, но симптоматично е и тоа што минатото лето покажаа идентични тетоважи.