Славниот актер Хуго Вивинг (63), се прослави во филмовите „The Lord of the Rings“ и „Matrix“, а по големите улоги не го гледавме често на малите екрани, но ниту во јавноста.
Неодамна папарацо фотографите успеале да го фотографираат додека шета по улиците во Лондон и на јавноста ѝ требале неколку минути да сфати за кого всушност станува збор.
Дали вие би го препознале?
Многумина не го препознале и забележале дека актерот не личи на себе, а кога ќе ги погледнете фотографиите ќе сфатите зошто јавноста толку се изненадила од изгледот на актерот.

Актерот бил облечен во опуштено издание, носел зелена јакна, фармерки и кафеави чевли, а шетал со својата невенчана сопруга Катрина Гритвуд. Тие двајца се заедно од 1984 година и заедно имаат две деца – ќерката Холи и синот Хари.
Освен улогата на агентот Смит во „Matrix“ и лордот Елронд во „The Lord of the Rings“, актерот го гледавме и во филмовите „Hacksaw Ridge“ и „Captain America“, како и во франшизата „Transformers“.

Тој имаше многу специфични црти на лицето како млад, а особено беше препознатлив по своите специфични фацијални експресии.
Тој во 2020 година изјави дека со задоволство би учествувал и во четвртото продолжение на „Matrix“ и би ја повторил својата улога, но за жал поради распоредот не успеал да ги искомбинира работите.

„Многу ми е жал затоа што целата екипа ми беше драга, но во тоа време глумев во претстава која се поклопуваше со датумите на снимањето на филмот“, открил актерот тогаш.
