Сатирата на Адам Мекеј за крајот на светот нареченa „Don’t Look Up“ наиде на поделени критики, но и на голем интерес кај публиката бидејќи инспирираше многу разговори поради својот поглед на светот, отпорен на факти во текот на опасен настан.
Актерската екипа исто така сериозно импресионираше – во филмот ги гледаме Џенифер Лоренс и Леонардо ди Каприо во улога на двајца астрономи кои доаѓаат до откритие, Мерил Стрип во улога на застрашувачка претседателка, Џона Хил како нејзин син и шеф на кабинет, како и Кејт Бланшет, Тимоти Шаламе, Аријана Гранде и други.
Меѓутоа, една ѕвезда прилично ја збуни публиката, а станува збор за – Метју Пери.
Уште во октомври 2020 година, беше објавено дека иконата на „Friends“ исто така ќе биде дел од актерската постава на остварувањето на Мекеј, а фановите очекуваа дека ќе учествува во филмот барем во камео-улога.
Пери дури и го потврди своето учество во „Don’t Look Up“ преку твит во октомври 2020 година, шегувајќи се дека „букирал филм со Мерил Стрип и доколку му е потребен некому, ќе биде на лента за трчање во наредните 6 недели“.
I just booked a movie with Meryl Streep! If you need me, I'll be on the treadmill for the next 6 weeks.#Don'tlookup
— matthew perry (@MatthewPerry) October 14, 2020
Во декември беше објавена негова фотографија од сетот во Бостон на кој се гледа како стои покрај Кид Рок, во текот на сцената на политичкиот митинг.

За жал, таа сцена не влегла во финалната верзија на филмот, иако не е откриено зошто, а фановите залудно го бараа лицето на Метју Пери во „Don’t Look Up“.