Актерката пливаше гола во базен и порача дека ја победи болеста (Видео)

Не го криела воодушевувањето поради последниот преглед на којшто дознала дека е успешно излекувана од канцер на белите дробови.

Актерката Кети Грифин (61) објавила видео на кое се гледа како гола плива во базен и на тој начин ги споделила добрите вести со своите следбеници.

Google search engine

Имено, таа не го криела воодушевување поради последниот преглед на кој дознала дека успешно била излекувана од канцер на белите дробови.

„Шестмесечниот преглед на канцер на белите дробови е чист. Нема повеќе канцер. И да, гола нуркав во базенот додека ги тресам градите и задникот. Па, што?“, напишала таа под видеото на Твитер.

Грифин првпат објави дека нејзиниот канцер е во ремисија во декември во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“, откако била на операција каде ѝ било отстрането половина белодробно крило.

„Јас сум без канцер. Не знам зошто имав тумор, зар не? Никогаш не сум пушела цигари, а беше тука десет години“, изјавила тогаш Кети.

ПретходнаДетали за сообраќајката на патот Прилеп-Градско во која загина маж, а повредени се жена и дете
СледнаКој е Сем Бринтон, контроверзниот нов советник за енергетика на Бајден?