Актерката најжешката сцена во југословенската кинематографија ја снимила невина: „Во тоа време не знаев како се води љубов…“

Иако станува збор за уметнички дела, на легендарните сцени од интимните односи во домашните филмови ретко кој гледа само од тој агол, а особено кога станува збор за атрактивни актери и актерки.

Една од најубавите жени во поранешна Југославија секако дека била актерката Неда Арнериќ.

Google search engine

Убавото лице и грациозното тело направиле многумина да се заљубат во неа. Ја гледале во впечатливи филмски сцени со интимни односи во филмовите.

Сепак, малку е познато дека кадрите со секс кои ги снимала како девојче, без никакво искуство и знаење како да води љубов. Кој воопшто би го спомнал тоа? Затоа што кај Нада сè тогаш оддавало чувство на еротика, а родителите на нивните деца им ги покривале очите кога ги гледале филмовите.

Југословенската убавица во филмот „Haloa – praznik kurvi“ во 1988 година ја снимила една од најексплицитните сцени во историјата на југословенската кинематографија, а Неда за улогата на Мајра била наградена и со „Златна арена“ во Пула.

Филмот го следи животот на брачен пар од Германија којшто доаѓа на одмор во Хрватска, на островот Хвар каде Мајра, по потекло од Загреб, венчана е за постариот Манфред се впушта во љубовна афера со синот (Ранко) на госпоѓата во чија куќа престојувале тие.

Неда и Ранко ја снимиле најексплицитната сцена во дотогашната историја на југословенската кинематографија.

„Од првата сцена на гол маж кој скока во морето, па до последната сцена, сè дише во знакот на еротиката, па на некои можеби им изгледа дека дејството е споредно, колателарна појава само да може да се прикаже Неда Арнериќ гола“, пишувале тогаш новинарите.

За своите улоги во кои се појавува гола, Неда во едно интервју подоцна изјавила:

„Не сум имала поим за сексуалноста и играв нешто што не сум го доживеала. Научив многу рано дека снимањето филмови е работа која во договор со родителите треба сериозно да се заврши. Во сценариото на пример пишуваше: тие се будат наутро и по водењето љубов почнуваат да разговараат. А, јас во тоа време не знаев како се води љубов. Тоа беше дел од мојот занает, а јас се сметам за добра во тој занает“, објаснила тогаш актерката во текст на кој тогашните уредници му дале наслов: „Снимав секс-сцени додека бев девица“.

Неда Арнериќ почина на 10 јануари 2020 година во Белград.