Ако во телефонот имате некоја од овие апликации, би требало да ја избришете

Многу апликации тврдат дека ќе ви олеснат некои аспекти од животот, без разлика дали е тоа слушање музика, играње на видео игри, грижа за здравјето и слично, а всушност се штетни, како по вашиот уред, така и по вашата приватност. Во ова листа има седум такви, а иако се преземени многу пати, не е добро да ги имате во телефонот.

Пред пет години оваа апликација ја преземала кинеската компанија Cheetah Mobile, која не ја бие добар глас, бидејќи од тогаш почнале да префрлаат податоци од корисниците на своите сервери. Исфрлени биле од “Google Play” продавницата во 2018-та година, но се вратиле една година подоцна.

Реклама

Ова, своевремено, можеби била и најпопуларната апликација за управување со датотеки. Меѓутоа, во неа имало премногу адвери, како и известувања кои никако не можеле да се исклучат. Поради сомнителните и нејасно означени огласи, била исфрлена од “Play store“.

Ова е најпопуларниот интернет пребарувач во Кина и Индија, но прилично е несигурен поради тоа што нема енкрипција на податоците. Вашата приватност затоа може да биде загрозена во секој момент.

 

Оваа апликација би требало да го чисти вашиот телефон и така да ја држи вашата меморија во оптимизирана состојба. Меѓутоа, не прави ништо корисно, напротив. Го задушува вашиот уред.

Секако дека ниедна апликација не може да го забрза полнењето на вашиот телефон, а оваа апликација тврди дека може. Исто така, содржи море од огласи со некакви графикони, кои всушност ништо не ви покажуваат, туку се обидуваат да ве наведат на реклами.

Интернет-пребарувач без огласи, со поддршка за Флеш и “HTML 5”. Звучи премногу добро за да биде вистинито, а така и е. За жал, оваа апликација го следи вашето движење и тогаш кога не сакате.

“Fildo” служи за илегално преземање на музика од интернет страната на компанијата “Netease”. Со оглед на тоа дека се маскира како апликација за репродуцирање на содржини, тоа е сосема доволна причина да не и верувате.

Реклама