Ако синоќа го следевте Евровизиското полуфинале дали забележавте….водителката некогаш била маж!

Една од најпознатите јутјуберки на светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Џегер (27), позната под јутјуберското име „Ники Туториалс“, беше една од овогодишните водителки на „Евровизија“.

„Можеби уште вечерва ќе ја слушнеме песната којашто ќе победи на Евровизија, којзнае? Ја обожувам Евровизија поради ваквиот спектакл каков што никаде нема“, изјавила таа на почетокот на полуфиналето, кое се одржа синоќа.

Google search engine

Популарната јутјуберка која доаѓа од Холандија, минатата година јавно во видео на Јутјуб ја призна својата најголема тајна – дека е трансродна.

Ники која веќе 11 години води свој Јутјуб канал посветен за шминкањето, со целиот свет споделува совети, но исто така ги споменала и личностите коишто ѝ се заканувале согласно тајната која ја криела целиот свој живот.

„Одлучив да преземам контрола над ситуацијата. Тоа е нешто што отсекогаш сакав да го споделам со вас, но кога ќе бидам подготвена. Луѓето кои ме уценуваа го одзедоа тоа од мене“, изјавила таа тогаш.

ПретходнаВодачите на ЕУ не успеаја да се договорат за ковид-пасошите, не се согласиле за клучни прашања
СледнаКајли Џенер позираше на луксузна јахта во бикини, луѓето ѝ порачаа: Во Палестина умираат…