Ако попуштиме – следи мрачна ера за светот

Во тек се тешките борби на источниот фронт за Северен Доњецк, еден од последните градови во регионот Луганск којшто сè уште не го зазеле руските трупи и сепаратистите.

Меѓутоа, фронтот секојдневно се поместува кон западот, што сведочи за успешноста на руската стратегија, пренесува „Дојче веле“.

Google search engine

Карло Масала, политиколог и воен експерт на воениот Универзитет во Минхен, укажува на тоа како и на фактот дека на Украинците им недостасува вооружување.

„За разлика од претходниот тек на војната, Русите повеќе не удираат по ширината на фронтот туку ги концентрираат трупите за да напредуваат на малите делови на фронтот“, изјавил тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски признал дека ситуацијата е комплицирана во регионите Донбас и Харков, каде „руската војска се обидува да постигне макар некој успех“.

Зеленски отворено изјавил дека не верува дека сите територии кои Русите ги окупирале – вклучувајќи го и Крим, можат да ги вратат по воен пат.

„Доколку одлучиме да тргнеме по тој пат, би изгубиле стотина илјади животи“, изјавил тој во видео-порака.

Претседателот на Украина додал и дека „Украина сè ќе врати“ на други начини и Русија ја нарекол „терористичка држава“.

По збунувачкиот почеток на инвазијата, не делува така незамисливо Русија да го освои цел Донбас, на чија територија се самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република.

Според зборовите на воениот експерт Масала, моментално рускиот претседател Владимир Путин не мора да се грижи поради тоа што му изгледа дека од продолжувањето на војната добива повеќе отколку што би изгубил со нејзиното завршување.

„Добро му оди. Поради тоа нема мотивација да влезе во преговори“, вели експертот.

Освен можеби повлекувањето барем на некои од западните санкции. Имено, Путин во саботата имал долг телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Тие двајца побарале прекинување на борбата и повлекување на руските трупи.

Според извештаите, Путин сигнализирал подготвеност за преговори, но само доколу санкциите кон Русија бидат укинати.

Популарниот германски политиколог Херфрид Минклер се обидел да го опише кругот пред Киев и Западот.

„Сега е клучно политички да се обезбеди за отпорот на Украинците во првите дваесеттина дена од оваа војна да не бидат залудни.

Затоа што, откако владееше одредена еуфорија дека Украинците можеби ќе ја добијат војната или дека ќе ги протераат Русите од цела Украина, сега ситуацијата таму е многу тешка. Таа е на пат да ја изгуби војната“, изјавил Минклер за „Велт“.

Тој исто така додал дека мировните преговори веројатно ќе доведат до тоа Украина да го изгуби цел Донбас, а можеби и повеќе територии.

„Западот мора да ја поддржи Украина“, изјавил Минклер.

„Затоа што доколку Путин донесе политика на анексија на голема територија, тоа ќе биде лекција за цел свет“, изјавил политикологот.

Како што објаснил, попуштањето на Путин по ова прашање би можело да доведе до ера на освојувачки војни ширум светот.