Ако патувате во регионов, еве каде можете да наполните најефтино гориво. Еве ги цените

Според последните ценовници, во регионот, возачите можат да купат најевтин бензин во Босна и Херцеговина, пишува Блиц.

Во БИХ еден литар чини 1,02 евра, а бензините во Босна со години наназад се поевтини отколку во многу други земји во регионот. На второ место е Бугарија каде еден литар бензин чини 1,04 евра.

Google search engine

Најскапо е во Грција – 1,62 евра за еден литар.

Така, возачот ќе плати 65,6 евра во Србија за полн резервоар безоловен бензин, кој има просек од околу 50 литри. Ако полни гориво во БиХ, ќе плати 51 евро, а во Македонија 55,5 евра, што значи дека заштедите по полнење гориво се движат од 500 до 1.600 денари.

Што се однесува до дизелот, тој е најскап во Хрватска, каде чини 1,36 евра за еден литар, а Србија е на второто место, каде литар дизел чини 1,35 евра.

Најевтиниот еуродизел во регионот се полни во Босна и Херцеговина, за 97 евро центи за литар.

Следува Македонија со 99 центи.

Цената на нафтата во светот продолжува да расте, а еден барел вредеше 76 долари вчера, што е негова највисока цена во последните три години, пишува Блиц.

Барелот чинеше 60 долари пред четири месеци, 40 долари во ноември минатата година и 20 долари пред една и пол година.

Токму овој тренд, заедно со очекувањата дека заздравувањето на глобалната економија може да донесе дополнително зголемување на цените, зборува за можноста за нови, повисоки ценовници.

Се повеќе аналитичари во светот тврдат дека вредноста на нафтата ќе расте толку многу во наредниот период што може да достигне цена од 100 долари за барел. Сепак, тие проценуваат дека треба да се биде претпазлив кога се прават вакви предвидувања, особено имајќи ја предвид подготвеноста за соработка што ја покажаа најголемите производители на овој извор на енергија.

Последен во низата од оние кои зборуваа на оваа тема е Ден Брулет, поранешниот министер за енергија на САД. Доколку состојбата на пазарот се нормализира, цената на нафтата може дури, тврди тој, да ја надмине психолошката граница од 100 долари за барел.

Од друга страна, не е исклучено оваа суровина да се движи во спротивна насока, за што главен виновник би била неподготвеноста на големите производители на нафта, кои го сочинуваат ОПЕК +, за договор и соработка.