АКО ГО ГО ИМАТЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ ДОМА, СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА ЌЕ БИДАТ ДВОЈНО ПОВИСОКИ: Пред да ги исклучите апаратите, задолжително проверете го ОВА!

Кога се зборува за тактики за намалена потрошувачка на електрична енергија, акцентот е секогаш на уредите кое ги има секое домаќинство

Енергетската криза се повеќе го зема својот данок. А највисоките светски функционери предупредуваат и повикуваат на штедење. Факт е дека со рационално користење на апаратите за домаќинство можеме значително да заштедиме електрична енергија и да ја намалиме потрошувачката.

Google search engine

Апарати кои најмногу трошат струја се фрижидерите, бојлерите, рерните, машините за перење, но во топлите летни денови се и клима уредите. Не треба да ги игнорираме оние помали уреди и работи кои сите ги имаме во домот, како што се: светилки, полначи и многу други „ситници“ кои со порационална употреба можат да направат значителна разлика во потрошувачката.

Кога се зборува за тактики за намалена потрошувачка на електрична енергија, акцентот е секогаш на уредите што ги има секое домаќинство.

Меѓутоа, на овој начин се занемаруваат многу важни елементи на секоја куќа или стан – прозорците. Ако тие не дихтуваат добро, вашите сметки може да бидат двојно повисоки.

Прозорците често може да бидат одговорни за загубата на топлина од просторијата, како и за големата потрошувачка на енергија. Ако имате стари прозорци кои предизвикуваат загуба на топлина, има неколку совети како да го решите проблемот.

Проверете ги шарките и бравите на прозорците. Понекогаш тие се лабави или едноставно оштетени од употреба и долгогодишно абење, па затоа е потребно само да се заменат.

Следниот потег што ќе ви ги олесни зимските денови во простор со стари прозори е лепење на дихтунг лента на појасот или рамката на прозорецот. Старите прозорци со текот на времето почнуваат да се искривуваат, особено ако се од дрво, иако другите материјали не одолеваат на промената на обликот.

Можете исто така да ставите фолии на прозорците. На прозорците се ставаат фолии и го намалуваат протокот на топлина низ нив, што е многу важно со оглед на тоа што најголемата количина на топлина од внатрешноста оди надвор низ прозорското стакло.

- АУДИО РЕКЛАМА -