Францускиот претседател Емануел Макрон го смени мобилниот телефон и телефонскиот број два дена по објавувањето на аферата Пегаз, кога беше откриен софтвер за прислушување, кој ги следеше новинарите, адвокатите, политичарите
Макрон бил меѓу наводните жртви во аферата Пегаз, објавија некои медиуми, а сега тој реши да го смени телефонот, тврди Франс Инфо.
Француските безбедносни служби им понудија помош на сите француски граѓани кои се сомневаат дека биле мета на овој шпионски софтвер.
Француските медиуми тврдат дека 15 сегашни или поранешни министри во таа земја биле мета на Пегаз.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги смени мобилниот телефон и бројот откако во извештајот на француските медиуми беше наведено дека тој е потенцијално мета на израелскиот шпионски софтвер Пегас, изјави претставник на владата во четвртокот.
Тој доби неколку нови телефонски броеви. Ова не значи дека бил шпиониран. Тоа е само дополнителна безбедност, изјави француски официјален претставник за новинската агенција Ројтерс.
Макрон, исто така, свика итен состанок за сајбер безбедност во четвртокот и размисли за одговор на обвинувањата. Француската влада бара начини за зајакнување на нејзината инфраструктура за сајбер безбедност и заштита на јавните институции, како што се болниците.
Spyware Pegasus е создаден од израелската компанија NSO Group. Шпионскиот софтвер може прикриено да ги зарази мобилните телефони на Епл и Андроид и да ги следи ударите на тастатурата. Програмата е овозможена и за киднапирање на микрофонот и камерата на телефонот.
Француската непрофитна организација “Забранети приказни” и организацијата за човекови права “Амнести Интернешнл” идентификуваа 50 000 броеви што биле предмет на потенцијален надзор.
Весникот “Монд” во вторникот објави дека неколку од броевите кои биле следени припаѓаат на Макрон и на други високи француски функционери. Во извештајот се вели дека Мароко стои зад потенцијалниот надзор. Властите во Мароко тоа го демантираа и се заканија со тужби.