Приватната болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18-годишна возраст кои се болни од Ковид-19, соопштија од болницата.
Вчера на Фејсбук страницата на „Аџибадем Систина“ се појави објава во која пишува дека медицинскиот персонал е спремен да им помогне на дечињата кои имаат Ковид-19 со бесплатно лекување. Исто така, во објавата стои и дека клиничката болница е подготвена да го преземе лекувањето на Лазе Најдовски, по апелите во јавноста за негова помош.
„Во „Аџибадем Систина“ лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од Ковид-19 ќе бидат покриени од страна на нашата болница. Целиот детски тим кои брои повеќе од 200 членови, е спремен да им помогне!“, напишал д-р Чадиковски.
Досега само болницата Козле, од средина на јуни, функционираше како центар во кој се лекуваат деца и пациенти со коронавирус.
Во „Аџибадем Систина“ лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од Ковид-19 ќе бидат покриени од страна на нашата болница. Целиот детски тим кои брои повеќе од 200 членови, е спремен да им помогне!!!
— Vladimir Chadikovski (@chadikovski) December 17, 2020