Адолф Хитлер победи на изборите во Намибија: Политичарот вели дека е доцна да го менува името, а еве што порачал по победата

Политичарот Адолф Хитлер Унона победил на регионалните избори во Намибија.

Унона освоил 85 проценти од гласовите и влегол во регионалниот совет како претставник на владејачката партија “Народна организација на Југозападна Африка”.

Google search engine

“Не сакам политичка моќ и немам намера да го освојам светот, ја прокоментирал својата политика Адолф Хитлер Унона.

Според неговите зборови, неговиот татко не сфаќал за какви историски настани е врзано името Адолф Хитлер.

Сепак, тој смета дека е многу доцна да го промени името. Неговото семејство едноставно го нарекува Адолф Унона.

Намибија долго била германска колонија. Германскиот јазик и денеска е еден од националните јазици во оваа земја и се смета за основен јазик во неколку региони во Намибија. Бројни улици, места и луѓе и натаму имаат германски имиња.

Германските војници меѓу 1904-та и 1908-ма убиле околу 65.000 луѓе од племето Хереро и околу 10.000 од племето Нама во текот на крвавата кампања за сузбивање на локалните бунтовници.

- АУДИО РЕКЛАМА -