Абрамович сака да купи шпански великан

Англиските медиуми тврдат дека Роман Абрамович ќе се обиде да ја купи Валенсија, по завршувањето на воениот конфликт, кој му донесе големи санкции во Велика Британија.

Питер Лим, сегашниот газда на „лилјаците“, ја потврдил понудата од рускиот милијардер. Покрај долгогодишниот сопственик на Челзи, за шпанскиот фудбалски великан има интерес и од уште еден магнат, Шпанецот Мигел Зорио.

Google search engine

Абрамович наскоро се очекува да се ослободи од лондонскиот тим. Продажбата не оди според планот, поради санкциите кои британската Влада му ги изрече на Русинот, од почетокот на војната меѓу Русија и Украина.

Газдата на Валенсија се обидува да го продаде клубот за нешто повеќе од 250 милиони евра.