Абрамович повторно на удар – го прекршил правилникот, САД нареди моментална заплена

Американското министерство за правда запленило два авиони во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, наведувајќи дека се користени во спротивност на санкциите на Русија воведени поради нејзината инвазија на Украина.

Одделението во судските документи наведува дека два авиони „Boeing 787- Dreamliner“ и млазњакот „Gulfstream G650ER“, прелетале на руската територија претходно годинава, во спротивност со контролата на извоз од САД.

Google search engine

„Boeing“, кој според судските наводи вреди неверојатни 350 милиони долари, моментално се наоѓа во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

„Gulfstream“ се наоѓа во Русија, според судските наоди. Според изјавата под заклетва која ја дал еден од агентите на ФБИ, Абрамович „ги поседувал и контролирал двата авиони преку низа лажни компании“.

Да ве потсетиме, во април властите во Џерси замрзнале имот вреден над 7 милијарди долари за кој се сомнева дека е поврзан со милијардерот Абрамович.