Во Идризово се сите жени затворенички од цела Македонија. Секоја од нив има своја приказна, некои се каат за стореното, други не.
„А1он“ помина еден ден со жените затворенички во единствениот женски затвор во Македонија – Идризово.
Некои од жените кои ги отслужуваат своите казни во затворот се осудени на долгогодишни казни за убиства, други за тешки дела, трети отслужуваат помали казни.
„Го убив вонбрачниот другар, ме тепаше и малтретираше 14 години. Немав избор. Осудена сум на осум години затвор“, вели една од затвореничките за „а1он“.
Како што пренесува „а1он“, во Македонија има и жена осудена на доживотна робија, а тоа е Блерта Поцеста која беше обвинета за тројно убиство, на сопствените родители и сестра.
Во какви услови живеат и кои се нивните приказни, погледнете во видеото: