Како што пишува Јорданка Ивановска Јоци на својот фејсбук профил, ЈП Водовод Скопје има изработено и пуштено во употреба нов сајт кој не е комплетно во функција и има свои недостатоци. Нејзиниот коментар го пренесуваме во целост:
,,Водовод и канализација” имаат нова веб страница која е скроооз непрегледна и некои опции воопшто не работат (на пример, за внес на состојба на водомер).
И не само тоа, туку дизајнот им крахира, не се читаат на многу места опциите.
Ако може надлежните да ни објаснат на прес како да се снајдеме меѓу сите овие коцкички.
Како да внесеме состојба на водомер, а да не потрошиме половина час и да не изгубиме нерви со нивниве глупости од типот ,,пер, ијам другарче, ќе ни напраи нова веб страница”.
И на крај, новата внесена состојба не се регистрира. И секако, директорот да излезе и да каже на пресот колку пари се фактурирани за новава страница, со оглед дека старата беше сосема добра – функционална и прегледна.

