Животот во Париз воопшто не е евтин. Просечните цени за изнајмување на стан во главниот град на Франција зависат од локацијата и големината на станот.
Гарсоњера може да се најде по цена од 1.000 до 2.400 евра. Но, ако не сте премногу пребирливи, можете да најдете подостапно сместување.
Млад Јутјубер, попознат по прекарот Тимвикс, живеел во Париз во микро-стан од само девет квадрати и плаќал месечна кирија од 750 евра.
Иако станува збор за многу мал простор, во него има кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро – па дури и туш кабина. Има и место за складирање на лични предмети – од облека до прехранбени производи, тенџериња и други јадења.
Единствено што недостига во тој микро-стан е тоалетот – се наоѓа во ходникот надвор од станот и го дели со друг сосед.
Освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.
Како изгледа кога човек живее во микро-стан од девет метри квадратни, погледнете во видеото.