70 ГОДИНИ НА ТРОНОТ – Досега невидена прослава во Лондон: Погледнете дел од атмосферата и како кралското семејство се забавуваше по повод платинестиот јубилеј на Елизабета II (фото)

„Ви благодарам на сите“, напиша кралицата Елизабета II во своето писмо до јавноста и така во четвртокот наутро започна големата, четиридневна прослава, досега невидена во историјата на Велика Британија.

Лондон со денови е под опсада на граѓани, туристи, полицајци и службеници кои дојдоа да ја прослават 70-годишнината од нејзиното владеење на британскиот трон со неа на улиците. Се проценува дека милиони ширум светот ќе го следат овој платинест јубилеј, а Елизабета II (96 г.), иако во последно време со полоша здравствена состојба, беше инспирирана од нејзиното утринско писмено обраќање до јавноста.

Google search engine

Продолжувам да се инспирирам од добрата волја што ми се покажа и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да се осврнам на сето она што е постигнато во последните 70 години, гледајќи во иднината со самодоверба и ентузијазам“, истакна кралицата во своето писмо.

Поради тешкотии при движење, дел од протоколот презеле нејзиниот син Чарлс (73 г.) и нејзиниот најстар внук, принцот Вилијам (39 г.). Интересно е тоа што на балконот на Бакингемската палата кралицата не ја придружуваа принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, со која кралското семејство долго време има ладни односи, ниту пак 62-годишниот принц Ендру, против кој се води судски процес.

Свеченостите на првиот ден започнаа во четвртокот со спектакуларна парада во центарот на Лондон, а кралицата од балконот ги поздрави околу 1.500 војници кои учествуваа на парадата.

Британските медиуми опсесивно ги следеа прославите од минута во минута и на тој начин забележаа голем број детали. Кралицата утрово испрати сопствен автомобил за Хари и Меган и се очекува таа за првпат да се сретне со нејзината правнука, нивната ќерка Лилибет, што може да значи дека на повидок е големо помирување. Исто така, на улиците на Лондон за првпат по 20 години се појави златна кочија тешка четири тони во која во 2002 година кралицата за последен пат се возела додека прославувала 50 години од власта.