5 работи без кои денес не можеме да го замислиме животот, а не постоеја пред 20 години

Можете ли да си го замислите светот без паметен телефон или социјални мрежи? Тоа се само некои од работите кои не постоеја на почетокот на новиот милениум…

Ова се 5 нешта кои не постоеја пред 20 години:

Google search engine

Ајфон

Најпознатиот смартфон на планетата направи вистинска револуција кога се појави тој 29 јуни 2007 година. Во наредните 13 години беа продадени речиси 2,5 милијарди вакви уреди.

Фејсбук

Социјалната мрежа која засекогаш ја промени комуникацијата помеѓу луѓето, се појави на 4 февруари 2004 година, а барем еднаш месечно ја користат речиси 2,45 милијарди луѓе на планетата.

Гугл мапи

Речиси никој денес не тргнува на пат без помош од мапите на Гугл. Но, пред 2005 година луѓето сè уште на старомоден начин го бараа патот до посакуваната дестинација – преку хартиени мапи. Можете ли денес да се замислите себеси како патувате без ГПС навигација?

Јутјуб

Кога сакате да слушнете некоја песна, доволно е само да ѝ го напишете називот. Меѓутоа, пред 16 години тоа беше далеку покомплицирано  – се купуваа и режеа цедиња и се правеа бесконечни плејлисти на Винамп.

Инстаграм

Можеби најпопуларната социјална мрежа денес е речиси и неопходна апликација на телефоните на повеќето млади. Можете ли да го замислите животот без лајкови, стори, коментари…?

Листата на работи кои од корен нѝ го променија животот во последните 2 децении е подолга. Само некои од нив, покрај 5-те горенаведени се: Твитер, ТикТок, Андроид, Ватсап, Нетфликс, Убер, Зум, Скајп, Икс-бокс…