5 лаги кои жените најчесто им ги кажуваат на партнерите по водењето љубов

Лагите кои жените најчесто ги изговараат по водењето љубов – ги има неколку и не се знае која е побеспотребна.

Колку и да умеат да бидат прекрасни, жените не се ниту малку наивни, ниту глупави, а не се ниту „светици“.

Google search engine

Жените лагите ги користат и во сексот, а кои од нив најчесто ги кажуваат, прочитајте во продолжение:

„Ова беше најдобриот секс досега“

Некогаш и е! Но, во поголем дел од случаите едноставно е „ОК“ или добар. Нема потреба секојпат да глумите дека сте воодушевени.

„Да, секако дека доживеав оргазам“

За жал, поголем дел од жените не сакаат да ги разочараат своите партнери, па често на прашањето дали доживеале оргазам ќе одговорат потврдно. Најдобро е да му кажете на партнерот што најмногу ви годи и како да ве доведе до истиот, наместо да глумите.

„Ништо нема да се смени меѓу нас“

Ова особено важи за сите оние пријатели кои се впуштаат во сексуални односи мислејќи дека тоа нема да го смени нивниот однос. Дали тоа е точно? Не сме баш сигурни.

„Не, не се засрамив, во ред сум“

Не, воопшто не сте се засрамиле поради чудниот звук којшто вашето тело го произведува во текот на сексуалниот однос.

„Да, би сакала повторно да имаме секс – веднаш“

Признајте дека прво би сакале да се галите?